×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонската икона инспирација за уметниците од регионот

    19.08.2010 13:17 | KumanovoNews

    Девет уметника од Македонија, Бугарија и Србија творат во просториите на Коледарскиот клуб во Куманово на третата по ред Меѓународна ликовна колонија „Македонска икона“.

    Македонската икона инспирација за уметниците од регионот

    Манифестацијата ја организира Здружението на граѓани „Коледари“ со цел да ја афирмира иконографијата, традицијата и културното наследство.

    Имаме одлична колонија, уметниците работат во автентична  атмосфера на коледарскиот клуб, мирно место, во кое се опкружени со традиционални мотиви и се надевам дека ќе имаме добри дела како и претходните две години. Очекуваме продукција од 20-тина дела, кои првин ќе бидат изложени на манифестацијата „Денови на оризот“ во Кочани, по што ќе организираме изложба за кумановската публика - вели Мирослав Трендафиловски уметнички директор на колонијата.

    Најголем дел од уметниците на оваа колонија сликаат во техниката масло на платно, претежно мотиви од христијнската црква. 

    Прв пат учествувам на колонијата и импресиониран сум од целата манифестација, од амбинтот, од соработката со другите уметниици и домаќините. Работам на две дела, едното е во стилот на коледарската традиција на тема бадник, а втората тема се однесува на човековата вера, која во овој момент глобално гледано е фрлена во сенка, а тоа го покажувам преку симоболот на црквата насликан со потемни бои. Се надевам дека публиката ќе ја разбере идејата - вели Милан Илиќ од Јагодина, Србија.

    Можам да кажам дека оваа колонија нуди едно посебно чувство за уметникот. Ми се допаѓа идејата и се надевам дека проектот ќе има  успех и во наредните години. Драго ми е што сум дел од една група уметници кои работат на ова тематика за мене како млад уметник оваа е убава можност да размениме идеи, ствови и секако да се дружиме - вели Милена Тоневска - Петковска.

    Ликовната колонија Македонска икона ќе се биде затворена во недела на 22 август.