×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Mакедонски и српски бизнисмени се сретнаа на Табановце

    19.02.2010 16:00 | KumanovoNews

    Комплицирани процедури на граничните премини, премногу администрација и неусогласеност на царинските и инспекциските служби, како и неоправдано и долго задржување на стоките на границите, особено на земјоделски производи се само дел од проблемите кои ја отежнуваат  соработката на македонските и српски бизнисмени.

    Mакедонски и српски бизнисмени се сретнаа на Табановце

    -Суштинско барање на стопанствениците е брзо да се мине граничниот премин. Меѓусебно да се признаат ветеринарните, здравствени и фитосанитарни уверенија, максимално да поевтинат трошоците за тргување кои во моментот се доста високи и оптоварени со одредени сертификати. Идентификувани се околу 12 бариери од македонска страна, исто толку има и од српската. Но, онаа што мене ме радува е тоа што има доста голем напредок во техничка регулатива, и секако меѓусебно разбирање, односно координација помеѓу извршната власт и бизнис заедницата за надминување на проблемите - рече Милош Бугарин од Стопанска комора на Србија.

    Бизнизмените на македонско - српскиот деловен совет што денеска се одржа на граничниот премин Табановце се едногласни дека заради настапите на европскиот пазар, институциите треба синхронизирано да работат и побрзо да ги решаваат настанатите проблеми.

    -Ние не можеме да идентификуваме толку проблеми, колку администрацијата може  да постави нови. Оваа година кога светската царинска организација ја прогласи за година на соработка со приватниот сектор, ќе се обидеме да ги надминеме проблемите и да се забрза размената, бидејќи податоците зборуваат дека предходните три години размената беше зголемена за 156 милиони долари, но заради кризата последната година бележи пад - вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

    Заради сите овие проблеми трговската размена со Србија во 2009 година е намалена за скоро 24 насто, извозот бележи пад од 37 проценти, а статистиката вели дека македонското стопанство било активно само во однос на увезени репроматеријали и суровини од Србија.