Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот Максим Димитриевски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово на престојните локални избори.
Централното партиско раководство одлуката ја донело синоќа, а беше соопштена денеска.
Димитриевски е избран меѓу 6 кандидати, бидејќи имал најдобар рејтинг меѓу граѓаните, а најсериозни противници му беа актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски и претседателот на Советот Александар Арсиќ.
Димитриевски по професија е правник, а води сопствен бизнис. Во политиката е долги години, неколку мандати беше советник, координатот на советничката група на СДСМ и претседател на Советот на општина Куманово.
Избран е за пратеник на последните избори, а беше еден од тепаните и повредени пратеници за време на крвавите настани во парламентот.
Негов противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе биде пратеникот и доктор Зоран Ѓорѓиевски.