×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Максимална потрошувачка на вода во Куманово

    07.08.2017 13:55 | KumanovoNews

    Околу 400 литри во секунда вода трошат кумановци на тропските горешнини. Ако на вообичаените летни температури потрошувачката била од 250-270 литри, сега е зголемена за повеќе од една третина.

    Максимална потрошувачка на вода во Куманово

    Од ЈП „Водовод“ велат дека максимална потрошувачка на вода има попладне од 18 до 20 часот, кога се троши сите расположиви количини на преработена вода во Филтер станицата. И покрај големата потрошувачка градот нема да се соочи со недостаток на вода, тврдат надлежните.

    Има доволни количина на вода, но апелираме граѓаните да бидат рационални и да ја користа водата исклучиво за пиење и хигиенски потреби. Голема штета е да се користи чиста и преработена вода за полевање на бавчи и дворови, за таа намена треба исклучиво да користат бунарска и техничка вода. Засега нема опаснот од рестрикции, но доколку потрајат високите температури и се намали дотурот, граѓаните ќе бидат навремемо информирани да обезбедат резерви на вода, - изјави  Горан Стојковски, директор на ЈП Водовод.   

    Дотурот на вода од езерата Глажња и Липково до Филтер станицата се обезбедува по главниот вод и бај-пасот, како и од алтернативните извори од Проевце и Бедиње.

    Екипи од ЈП „Водовод„ од денеска започнаа контрола во автопералните за утврдување на евентуални злуопотребуби на водата од водоснабдителниот систем.  Доколку се утврди прекршување ќе бидат санкционирани според Законот за водонабдување и Законот за комунални дејности.