×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Манастирот Карпино - инспирација за создавање уметнички дела

    13.08.2010 14:17 | KumanovoNews

    На осмата традиционална ликовната колонија „Карпино 2010“, годинава во амбиентот на манстирот Успение на Пресвета Богородица во близина на селото Орах творат 13 ликовни уметници од Македонија, Бугарија и Србија.

    Манастирот Карпино - инспирација за создавање уметнички дела

    Манифестацијата ја организира Мултимедијалното Здружение Карпино со цел да се анимира јавноста за зачувување, реставрирање и обновување на манастирот како и конаците изградени од 14 до 16-ти  век.

    Задоволен сум од атмосфера во манастирскиот комплекс и од досегашните дела кои што можев да ги видам од прв впечаток, од симбиозата која се развила тука, од стварањето на една богата продукција која што ќе биде презентирана и преставена во наредниот период. Интересно е да се работи со уметниците, уште од самото отварање се помина во најдобар ред така да полека се спремаме во сабота да заминеме во комплексот етно село и да го продолжиме нашето дружење. Учесниците на колонијата ќе посетат и повеќе локации, како меморијалниот центар Пелинце, црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане и други. По ова полека ќе ја затвориме оваа ликовна колонија - рече Зоран Павловски претседател на Мултимедијалното здружение Карпино.  

    Уметниците инспирацијата ја црпат од недопрената природа на Подкозјачијата како и на прекрасниот Карпински манастир, каде во 15-тиот век имало активен калуѓрски живот и скрипторска школа.

    Овде го чувствувам мирот како на Атос, местото ме асоцира на Хиландар на Света Гора. Едноставно местото се отвара за посетителот и нуди една духовна енергија која е исклучителна за творење и создавање. Секој си носи нешто свое со себе и оваа овде што го доживува, се претвора на платното и секој оној кој што ќе го погледне може да го толкуива на свој начин - вели уметмникот Миодраг Анѓелковиќ од Ниш, Србија.

    Чест ми е да бидам дел од оваа смето место, знам дека овде имало препишувачка школа од турскиот период, со тоа манастирот добива на историско значење и е исклучително вдаховение за создавање исклучители дела. Направив три слики во акварелна техника, со мотиви од манастирот и природата. Еве го довршувам последното дело преку кое сакам да порачам дека сите сме грешници да овој свет, нема совршенство, но сепак човекот треба да тежнее кон совршенството, кое може да се најде во човековото срце - изјави Галина Тодорова, уметник од Пловдив.

    Уметниицте утре ќе заминат во комлексот Етно-село во Војник каде ќе престојуваат два дена. Колонијата ќе биде затворена во недела на 15-ти август, а продукцијата од Карпино 2010 граѓаните ќе може да ја видат во рамките на изложба која ќе се организира по повод ноемврските денови.