×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Маргица Антевска е наше национално богатство, порачаа учесниците на концертот по повод нејзиниот 50 годишен јубилеј

    18.09.2019 07:26 | KumanovoNews

     Маргица Антевска, синоќа пред преполна сала, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, одржа незаборавен концерт и го прослави 50 годишниот јубијел во музиката.

    Маргица Антевска е наше национално богатство, порачаа учесниците на концертот по повод нејзиниот 50 годишен јубилеј

    Звукот на народните песни, проследени со настапот на танчерите од „Мак денс студио“ и танцовиот клуб „Динамик“, во салата создаде чувство на „внатрешна исполнетост“, па кумановците не можеа да издржат да дочекат да заврши песната за да аплаудираат. Фолклорот како да е во гените на македонскиот народ, кој никогаш не останува рамнодушен на неговата убавина.

    „Куманово оваа година одбележува голем јубијел-500 години од своето постоење, а истото се поклопи со уште еден јубилеј, односно 50 години од музичката кариера, на нашата сограѓанка Маргица Антевска. Нејзината богата уметничка кариера, нејзините безброј награди во нашата држава и пошироко, не` прават горди што во нашиот град имаме таков музички уметник“,-рече Десанка Стошевска, секретар на Општина Куманово, која го отвори концертот.

    „Јас нема многу да зборувам, од зборувањето може да биде многу, ама музиката никогаш не е многу“,- кажа Антевска.

    На концертот настапија познати имиња од македонската сцена: Ефто Пупиноски, Перо Христов, Сефедин Бајрамов, Нино Величковски, Ристо Краповски и Никола Давидовски, нејзините деца Милена и Марко Митковски, како и гостинката Дона Михаилова од Русија.

    Откако беше завршен првиот музички дел од концертот, на видео бим можеа да се проследат импресиите на композиторите од кумановската пејачка Маргица Антевска.

    „Ви благодарам Кумановци, јас имам само да ви кажам дека вашата сограѓанка Маргица Антевска е голема ѕвезда, чувајте ја затоа што таа е наше национално богатство“- беше коментарот на битолскиот пејач Ефто Пупиновски.

    Воедно, во вториот музички дел, Маргица и Ристо Краповски, како што рекоа после 20 години, повторно пред голем број на публика, ја испеаја песната „Цел ноќ ти се к`лну Гинче“.

    Во завршниот дел од концертот, Маргица Антевска ја испеја „Не лудувај Јоване“, која ја посвети на нејзиниот внук Јован и на сите наши најмили дечиња.

    На крајот од концертот, и` се заблагодари на публиката и рече дека покрај сите овие емоции, не знае како ќе ја помине ноќта.

    (Ф.Марковска)