500x100-1
16. 09. 2019 19:41

Маргица Антевска со концерт ќе го прослави 50 годишниот јубилеј

Маргица Антевска со концерт ќе го прослави 50 годишниот јубилеј

Пејачката Маргица Антевска, која важи за една од најдобрите женски вокали кај нас,  оваа година слави 50 години музичка кариера.

По тој повод утревечер (вторник) од 20 часот ќе одржи целовечерен концерт во големата сала на Центарот за култура во Куманово.

 Концертот ќе биде збогатен со учество на гости и соработници на Антевска, меѓу кои: Ефто Пупиноски, Перо Христов, Сефедин Бајрамов, Дона Михаилова од Русија, Нино Величковски, Ристо Краповски и Никола Давидовски, како и нејзините наследници во животот и музиката Милена и Марко Митковски.

„По повод 50 годишнината од мојата музичка кариера, а воедно и 500 години од постоењето на градот Куманово, чест ми е и огромно задоволство да го споделам со вас јубилејниот концерт. Ги поканувам моите сограѓани да дојдат во што поголем број и заедно да го прославиме овој убав настан“, - изјави Антевска.

Влезот на концертот е слободен, а граѓаните кои сакаат да го посетат можат да подигнат карта на благајната на Центарот за култура.

Концертот се одржува со поддршка од Министерството за култура и локалната самоуправа.