×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Марш за родова рамноправност во Куманово

    07.03.2019 21:35 | KumanovoNews

    Здруженијата Јустиција, Фибула и Цивис,  утре организираат Марш за родова рамноправност. Маршот ќе започне во 12 часот од Градскиот плоштад, пред Занатски дом, а пораката е – "Сиромаштијата е сексистичка“, „Размислувај рамноправно, гради рамноправно и мудро бори се за промена”.

    Марш за родова рамноправност во Куманово

    „Имаме одговорност на овој ден да ја потенцираме нерамноправноста во поделбата на раководните функции, сиромаштијата во контекст на родовиот аспект и да проговориме за социо-економските фактори кои ја поддржуваат родовата нерамноправност, како и за насилството врз жената. Присутните учеснички на настанот ќе поделат рачно изработени цвеќиња, пораки и ќе пешачат од Занатски дом до Споменикот на Жена борец за да испратат пораките во знак на почит кон сите оние кои дале придонес кон родовата рамноправност, - соопштуваат организаторите.

      Маршот се организира петта година по ред.