21. 02. 2018 12:41

Маската „Црно и бело“ на кумановските средношколци наградена на Струмичкиот фестивал

Маската „Црно и бело“ на кумановските средношколци наградена на Струмичкиот фестивал

Парична награда од 10.000 денари освои маската „Црно и бело“ на учениците од средните училишта во Куманово, кои викендов учествуваа на Меѓународниот струмички карневал.

Во категоријата од 30 до 50 учесника, на централното дефиле во сабота пред многубројната публика се претставија 40 ученика, и во силна конкуренција добија награда од стручното жири.

„Бевме одлично примени од публиката за што сведочи и наградата. Тоа е мотив повеќе и наредната година да бидеме поинвентивни и пооргинални. Ние учествуваме веќе 8 години и имаме одлична соработка со струмичките училишта, особено со Гимназијата и Земјоделското училиште, кои беа наши домаќини. Учеството на овој фестивал за нас е големо задоволство и искуство, бидејќи имаше многу професионални маски, од кои можеме да црпеме идеи за идните наши претставувања“, - изјави професорката Соња Тодоровска, од гиманзијата „Гоце Делчев“, која заедно со уште 7  колеги беше со учениците во Струмица.

На карневалот учествуваа околу 2000 учесници со 42 маски од Македонија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија,Албанија и други.

 Секоја година учениците од Струмица остваруваат возвратна посета и учествуваат во ревијалниот дел на Кумановскиот маскенбал „Батко Ѓорѓија“.

Маската „Црно и бело“ на кумановските средношколци наградена на Струмичкиот фестивал