×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матичните лекари сеуште без ноќни дежурства

    31.01.2011 10:40 | KumanovoNews

     Поради тоа кумановци се принудени кога ноќе да бараат помош во Ургентниот центар, а ординацијата што за таа намена ја обезбеди Здравствениот дом, зјае празна.

    Матичните лекари сеуште без ноќни дежурства

    Матичните лекари не организираат ноќни дежурства во Куманово, иако Министерството за здравство уште пред две недели им наредило да си ја преземат обврската. Поради тоа кумановци се принудени кога ноќе имаат здравствени проблеми да бараат помош во Ургентниот центар при Општата болница Куманово, а ординацијата што за таа намена ја обезбеди Здравствениот дом, зјае празна.

    Неколку дена откако се сретнавме со заменик министерот за здравство, стигна известување дека матичните лекари се должни да организираат ноќни дежурства, како што го правеа тоа пред да склучат договор со Ургентниот центар. Ние треба да им обезбедиме простор, и на располагање им е ординацијата што порано ја користеа. Ги чекаме да дојдат да им ја предадеме. Решението на министерството е доставено до матичните лекари, Здравстевниот дом и Општата болница Куманово и треба да се реализира што поскоро во интерес на пациентите - вели Миомир Панковски, директорот на Здравствениот дом Куманово.

    Тој вели дека се подготвени покрај постоечката ординација во поранешниот „Уред„ во центарот на градот да отстапат простор и во амбулантата во населбата „Перо Чичо„.

    Матичниот лекар Стоје Стојмановски, пак тврди дека тие не добиле никакво известување од министерството, и поради тоа не се организираат.

    По посетата на заменик министерот било наложено ноќните амбуланти да профункционираат до 17 јанари. Бидејќи е пробиен рокот, од Општата болница веќе реагирале до министерството за неспроведување на одлуката од страна на матичните лекари.

    Граѓаните на Куманово пред нова година останаа без здравствена заштита ноќе, во деновите на викенди и празници, кога Ургентниот центар го раскина договорот со матичните лекари, поради тоа што немаше капацитет да прими толкав број на пациенти. Наместо матичните повторно сами да ја организираат ноќната служба што функционираше три ординации пред да ја распуштатат, тие побараа Здравствениот дом Куманово да ги прима пациентите во рамките на Итна помош.

    И додека трајат препукувањата и префрлањето на одговорноста, пациентите еден месец се без организирана ноќна здравствена заштита. Во Куманово има близу 100 матични лекари со над 100 илјади пациенти.