×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матурантите да се однесуваат одговорно на матурските вечери

    17.05.2010 08:57 | KumanovoNews

     Матурантите да бидат поодговорни во своето однесувањето за време матурските вечери со цел да се намалат инцидентите кои најчесто се последица на консумирање алкохол. Оваа и други препораки им биле пренесени на матурантите во сите средни училишта во градот од претставниците на МВР од Одделението за превенција.

    Матурантите да се однесуваат одговорно на матурските вечери

     Се надеваме дека со овие посети ќе ја зголемиме свесноста на матурантите за пристојно и примерно однесување за време на претстојните матурски прослави со што ќе докажат дека навистина се зрели личности кои го положиле испитот на зрелоста-рече Виолета Богдановска начаник на Одделот за превенција при МВР.

     За да се намалат инцидентите на прославата на матурантите им без презентирани делови од Законот за прекршоци и предвидените казни, но било побарано и родителите да влијаат врз однесувањето на своите деца.

    Со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата Министерството ги потсетивме матурантите да внимаваат при управување со моторните возила, да не возат во алкохолизирана состојба и во периодот од 23 до 5 часот наутро да не управуваат моторно возило без присуство на постаро лице возач-вели Богдановска.

     За таа цел на матураните им биле поделени флаери со корисни совети.