×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Матурантите од Куманово танцуваа на градскиот плоштад

    18.05.2018 14:48 | KumanovoNews

    Над 300 матуранти од три средни училишта во Куманово денеска танцуваа на градскиот плоштад.

    Матурантите од Куманово танцуваа на градскиот плоштад

    Во исто време со своите врсници од десетина градови во Македонија и уште толку држави од Централна и Југоисточна Европа беа дел од „Матурската парада“.

    На фреквенцијата на Македонско радио тие беа поздравени од своите врсници од Љубљана и останатите градови.

    Средношколците и нивните родители ги поздрави претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, која рече дека е привилегија да се биде со матурантите во моментот кога ставаат крај на еден убав период од нивниот живот.

    „Сите денеска сме дел од еден интернационален проект „Матурска парада“ на која нашите матуранти учествуваат по 12. пат. На овој начин се поврзувате со матурантите од повеќе европски градови, и со илјадници млади од цела Европа креирате еден нов начин на обединување, но и нов начин на одбележување на средношколските денови“, - рече Мургашанска.

    Таа има порача на младите успешно да чекорат во светот на возрасните и да се остварата на сите полиња.

    Покровител на манифестацијата е Општина Куманово, Советот на Општината и Секторот за култура.

    Матурската парада во Куманово се организира по прекин од три години,  по случувањата во Диво Насеље во 2015 година.