×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓаши бара заштита на децата од политичка злоупотреба

    02.10.2010 07:06 | KumanovoNews

     Првата детска амбасада во светот Меѓаши бара од политичките партии да не вршат злоупотреба на децата во политички цели, а медиумите да не ги пренесуваат таквите пораки.

    Меѓаши бара заштита на децата од политичка злоупотреба

    Секое емитување на маките и судбините на децата предизвикува голема болка кај нивните најблиски. Тоа исто така претставува и траума за децата кои ги проследуваат овие спотови како гледачи. Тоа е дополнителна виктимизација и стигматизација на децата во медиумите. Медиумите треба да одбиваат емитување платени политички пораки доколку во нив се врши (зло)употреба на децата за политички цели.  Во политичките спотови не смеат да се користат деца за партиски цели„- се вели во соопштението од Меѓаши.

     Првата детска амбасада во светот Меѓаши очекува од сите политички партии да го гарантираат спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето и да се залагаат за спречување на кршење на правата на детето. Во Република Македонија се уште не постои соодветна законска регулатива што посериозно би ги заштитила децата од политичката (зло)употреба. Одредбите на Конвенцијата за правата на децата не се доволни.

     Првата детската амбасада во светот Меѓаши упатува апел до сите политички партии да ги поштедат децата од политички злоупотреби.

    Вакавата реакција на детската амбасада уследи откако во јавноста беа пласирани спотови на политичка партија каде се прикажуваа слики од деца, болни и починати.