×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународна фолклорна ревија во Куманово и Нагоричане

    28.06.2018 08:43 | KumanovoNews

    Меѓународна фолклорна ревија утре ќе се одржи во Центарот за култура во Куманово, а во сабота на плоштадот во Старо Нагоричане.

    Меѓународна фолклорна ревија во Куманово и Нагоричане

    На манифестацијата ќе учествуваат осум културно-уметнички друштва од државата и соседството.

    Со народни ора и песни пред публиката ќе се претстават: фолклoрните ансамбли „Етнос“ од Скопје, „Тримери“ од Струмица, „Карпош“ од Крива Паланка, „Панче Пешев“ од Куманово, „Битола“ од Битола, „Свети Никола“ од Трстеник, „Косовски божур“ од Косовска Митровица и „Младост“ од Бугарија.  

    Домаќини и организатори на манифестацијата е КУД „Панче Пешев“ од Куманово, со поддршка на општините Куманово и Старо Нагоричане.

    Ревијата во Куманово ќе започне утре со дефиле во 19 часот, а програмскиот дел ќе продолжи во 20 часот во Центарот за култура во Куманово. Првично, беше закажано концертот да се одржи на градскиот плоштад, но поради временските услови ќе се одржи во затворен простор.

    Во Општина Старо Нагоричане ревијата ќе се одржи задутре (сабота) од 19.30 часот, на плоштадот покрај црквата „Свети Ѓорѓи“.

    Организаторите ги повикуваат граѓаните да дојдат на манифестацијата и да уживаат во фолклорот.