×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2018“

    20.12.2018 09:15 | KumanovoNews

    Во Уметничката галерија Куманово, вечерва по дванаесети пат ќе се одржи меѓународната изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2018“.

    Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2018“

    Изложбата ја организира Фото кино клуб „Козјак“, а учесниците имаа можност да се претстават во пет категории и тоа: портрет, природа, слободна црно – бела, слободна колор и на тема фотожурнализам, која оваа година е посветена на мајсторот на фотографијата Живко Јаневски.

    На конкурсот учество земаа 124 автор од 40 земји од светот. На изложбата ќе бидат доделени 69 награди во пет категории, како и главната награда. За најдобар автор на изложбата е прогласен Самир Захировиќ од Босна и Херцеговина. Меѓу наградените се најдоа македонските автори: Сашо Алушевски, Милош Нешковски и Ивана Богдановска.

    Бурното време во кое што живееме, целосната дигитализација и брзиот развој на технологијата дозволува фотографите да бидат сведоци на историјата, која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино Клуб Козјак и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот. Традиционално ја организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, Фото Салон 2018, - соопштуваат организаторите.

    Изложбата на уметничка фотографија Фото Салон Куманово започнала да се организира во 1962 година, прво како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото Салон прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од светот.