Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики од 27-ма Меѓународна ликовна колонија “Лесново 2018“.
Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата “Злетовски рудар“ од Пробиштип – институција којашто заедно со Општина Пробиштип е организатор на колонијата.
Традиционалната Меѓународна ликовна колонија “Лесново 2018“ по 27 пат обедини 16 ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Англија и Русија, коишто инспирирани од опкружувањето – вулканските карпи, бујната вегетација, староселската архитектура и фолклор, Манастирот “Св. Гаврил Лесновски“ направија една збирка од триесеттина дела. Инаку оваа изложба беше веќе претставена пред ликовната публика во Пробиштип, а Куманово е втора дестинација на којашто делата од оваа колонија ќе бидат презентирани пред пошироката јавност.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 01.10.2018 година.