×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“, наместо на плоштад ќе се одржи во Центарот за култура

    16.07.2019 08:08 | KumanovoNews

     Првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“, кој започнува вечерва, наместо на Градскиот плоштад ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“, наместо на плоштад ќе се одржи во Центарот за култура

    Организаторите, соопштуваат дека промена на локацијата уследила поради нестабилното време и најава за дожд во попладневните часови.

    Отварањето е закажано во 19.30 часот, а влезот е слободен. Предходно од 18 часот, ќе се одржи дефиле низ кумановските улици.

     На Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“, што го организира КУД „Панче Пешев“, по повод 500 години Куманово, во три дена учество ќе земат над 400 играорци од земјава и странство.

    На првиот Меѓународен фолклорен фестивал учество ќе земат ансамбл „Кочо Рацин“- Скопје, КУД „Карпош“ - Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ - Куманово, КУД „Панче Пешев„-Куманово, Студио „Етнос“- Скопје и Фолклорен ансамбл „Битола“, националниот ансамбл „Танец“, КУД „Јабланичко коло“ - Лебане, Лесковац, Србија,  КУД „Живинице“ БиХ, Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија,  Бугарија, компанија Артистика „Мангаларес„- Колумбија, Јужна Америка и КУД „Димитриеје Туцовиќ“ - Белград.

     Утре на втората вечер настапи ќе имаат странските групи, а затворањето на фестивалот е задутре со едночасовен концерт на ансамблот „Танец“.