×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мицкоски: По 12 април ќе има одговорност и пред законите и пред граѓаните

    02.11.2019 19:09 | KumanovoNews

    Апелирам да надвладее мудроста, трпението, да не го делигитимираме оној последен лидерски состанок – порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска оствари средба со граѓаните на Куманово,  потенцирајќи дека Коалицијата за обнова на Македонија останува на ставот изборите да се одржат на 12 април.

    Мицкоски: По 12 април ќе има одговорност и пред законите и пред граѓаните

    „Ние имаме договор, договорот е дека на 3 јануари имаме избор на технички премиер и техничка влада, на 12 април 2020 имаме предвремени парламентарни избори, тоа е договор кој е постигнат во присуство на претседателот на државата, Зоран Заев премиерот на државата, таму беа претставници на политички партии и таму се разговараше за можностите кои денеска се дилема и кои што денеска ги рефлектираат од страна на СДСМ и онаа загриженост која ја рефлектираат, јас мислам дека загриженоста повеќе се темели на стравот од катастрофален пораз на следните предвремени парламентарни избори“, - одговори Христијан Мицкоски, на новинарското прашање дали цврсто стојат на ставот за договорениот датум за избори.

    Тој додаде и дека доколку парламентарното мнозинство продолжи со ваквиот начин на однесување не само што ја загрозуваат демократијата и влијаат врз изборниот процес , туку комплетно го делигитимираат последниот лидерски состанок и дополнително создаваат недоверба.

    Мицкоски рече дека во втората половина на декември ќе бидат познати имињата за техничката влада.

    „Немаме персонални решенија се' уште процесите се важни, во периодот кој следи ќе го формираме републичкиот изборен штаб, општинските изборни штабови, ќе започнеме со детално мерење на јавното мислење, пораките кои мислиме да ги рефлектираме пред граѓаните, клучните зборови, така што ние сериозно се подготвуваме за тоа што претстои, а тоа се предвремените парламентарни зибори, имињата ќе ги дознае јавноста благовремено. Втората полоцина на декември ќе бидат познати имињата“,- вели тој.

    На прашањето, што ќе се случи доколку Шпанија го ратификува договорот за НАТО, а Македонија нема Парламент кој ќе може да го ратификува, Мицкоски вели дека на средбата кај претседателот Пендаровски, универзитетски професори дале толкувања дека во минатото имало пракса по распуштање Парламентот повторно да се собере.

    „Сите политичари и претставници на политички партии кои беа тоа го слушнаа и беа сведоци на тоа, така што јас навистина овие осцилации не можам да ги разберам, вака не можеме сериозно да се однесуваме, и да бараме сериозност од останатите субјекти во државата, мора да покажеме сериозност барем сега кога има предуслови за таква сериозност, а тоа беше последната лидерска средба“-објасни Мицкоски.

    Одговарајки на новинарско прашање за последните промени во даночната политика на земјата Мицкоски додаде дека тие биле против воведувањето на данокот уште на самио почеток и велеле дека нема да ги даде потребните резултати, за што биле критикувани од истите тие владини перјаници.

    „Навистина не можам да се изначудам со каква леснотија излегуваат пред новинарите и велат нашата економска политика всушност била погрешна овие три години, кој ќе ги санира последиците. Имаат можност јас и оваа прилика ја користам и апелирам до Зоран Заев до Министерството за финансии веднаш да ги вратат парите назад кон граѓанството и стопанството што ги наплаќаа како арач изминативе девет месеци, овие неколку месеци што им остануваат да водат рационална политика да не водат егзибисионистички политики“, - порача лидерот на опозициониската партија.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и' порача на власта да се вразуми во овие неколку месеци пред заминување, да не ја доведува државата во подредена положба и да не ги уценуваат вработените во институциите, затоа што ќе ги очекува одговорност и пред граѓаните и пред законот.