×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мицковски на средба со членовите и симпатизерите во Куманово

    06.03.2019 08:18 | KumanovoNews

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

    Мицковски на средба со членовите и симпатизерите во Куманово

    Мицкоски пред присутните истакна дека во моментот граѓаните се соочуваат со голем притисок и уцени од страна на актуелното раководства на владата на СДСМ и Заев, нарекувајќи ги непотистичка и криминална влада. Според него нервозата кај Зоран Заев е поради стравот од губење на претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април.

    „Од 21 април и формално отпочнува одбројувањето кога Зоран Заев практично и СДСМ ќе заминат во политичката историја. Затоа на 21 април ни е од исклучително значење за да можеме да ја вратиме Македонија онаму каде што припаѓа а тоа е на вистинскиот колосек, а не на колосекот кој што ја движи државата во бездна“, изјави Мицкоски.

    Според Мицкоски со победата на претседателските избори, ќе се отвори патот ВМРО-ДПМНЕ да побара предвремени парламентарни избори каде што пред граѓаните нема да ветуваат брда и долини туку реални проекти кои што ќе ги решат проблемите на граѓаните.