500x100-1
25. 02. 2010 15:41

Мини-пречистителните станици поминаа на Совет

Мини-пречистителните станици поминаа на Совет

Во шест реони во Куманово ќе бидат изградени мини-пречистителни станици што ќе решат проблемот со отпадните води во селата Романовце-Агино село-Брзак, Умин Дол-Љубодраг-Ново Село, Табановце-Четирце-Сопот, Пчиња-Студена Бара-Вакв, Клечовце-Довезнеце-Јачинце и Орашац-Градиште.



  За реализација на проектот потребни се 7 милиони евра, од кои 4 килиони евра ќе бидат обезбедни преку кредит од австриската влада.  

  "За техничката документацијана на проект што ќе го изработи ЈП „Водовод„, австриската влада обезбеди грант од од 90.000 евра. Со кредитот за реализација на проектот во висина од 4 милиони евра ќе добиеме 15 одсто грант,значи плус 600 илјади евра неповратини сретства. Кредитот ќе биде без камата со рок на отплата од 12 години и грејс период од три години "- рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Дополнителни средства  Општината планира да обезбеди преку ИПАРД фондовите,наменети за заштита на животната средина.

  На денешната седница на Советот, советниците ја изгласаа студијата за решавње на отпадните води со изградба на пречистителните станици и донесоа одлука и за задолжување на Општината согласно Законот за јавен долг. Последниот збор го има Министретвото за финансии, кое треба да даде согласност за задолжувањето.

  Со овој проект Куманово ќе биде единствена Општина во државава која целосно ќе го реши проблемот со отпадните води,бидејќи неколку години наназад функционира најсовремена пречистителна станица за отпадните води во градот.