500x100-1
15. 05. 2018 16:11

Mинистерот Алаѓозовски во посета на Општина Куманово

Mинистерот Алаѓозовски во посета на Општина Куманово

Mинистерот за култура Роберт Алаѓозовски утре ќе ја посети Општина Куманово.

Во 12 часот ќе се сретне со градоначалникот Максим Димитриевски, по што заедно ќе заминат во обиколка на спомениците во градот: спомен куќата на Христијан Карпош, црквата „Св Никола„, Спомен костурницата од НОБ, споменикот Жена- борец, куќата на Јордан Дане Цеков и Градската џамија.

„Утре во Куманово, после години негрижа на институциите, во соработка со општината и УЗКН, го започнуваме проектот за реставрирање на партизанската спомен - костурница, посветена на хероите од Кумановско кои се дигнаа први против окупаторот и храбрo водеа битки за слобода на Македонија, - најавија од  Министерството за култура.