×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерот Николовски во обиколка на Романовце и Долно Којнаре да види како тече акцијата за чистење на каналите

    16.08.2018 14:44 | KumanovoNews

    Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во обиколка на дел од локациите каде што е во тек акција за чистење на одводните канали и речните корита во кумановско.

    Министерот Николовски во обиколка на Романовце и Долно Којнаре да види како тече акцијата за чистење на каналите

    Притоа гo посети селoто Романовце, а се сретна и со земјоделците од Горно Којнаре

    Акцијата на Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ започна во јули годинава, а опфатени се сливните подрачја во кумановскиот регион во должина од 10 километри, 6 километри на одводната мрежа и 4 километри речни корита. За таа намена претпријатието издвоило 800.000 денари сопствени средства.

    - Како министерство дадовме целосна подршка на А.Д. Водостопанство, во овој случај на подружницата Кумановско-липковско поле и во делот на обезбедување на механизација и за нафта, преку програмата за рурален развој. Оваа пракса ќе продолжи и во другите општини.  Мрежата е битна од секој аспект, како во делот на заштита на земјоделските култури, обезбедувањето на вода, од безбедносни причини и заштита од поплави - изјави министерот Николовски.

    Жителите на Романовце кажуваат дека каналот последен пат бил чистен во 2012 година, но со годините се наталожил отпадот од канализацијата и дождовите. Велат дека ова чистење е направено во право време за да се избегнат опасности од поплави.

    До сега се исчистени каналите во Агино Село, Умин Дол, Љубодраг, Шупли Камен, Карпош, а остануваат Ајдучка Чешма, Тромеѓа, Зубовце,  како и речното корито на Пчиња во селото Пелинце, кај меморијалниот центар АСНОМ.

    Предходно беа чистени каналите и речните корите во Липково.