×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за култура ќе финансира пет претстави во Кумановскиот театар

    11.02.2019 10:28 | KumanovoNews

    Пет претстави ќе добијат финансиска поддршка од Министертството за култура со програмата за 2019 година.

    Министерството за култура ќе финансира пет претстави во Кумановскиот театар

    Во програмите на националните установи за драмска дејност, на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ одобрени се пари за три претстави на македонски јазик и две на албански јазик.

     Претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Андреј Цветановски ќе добие 700.000 денари од бараните 1.41 милион денари.

    „Август во Оклахома“, според Трејси Летс во режија на Драгана Таневска наместо 1,1 милион денари ќе добие 500.000 денари.

    И претставата „Телефонот на мртовецот“ автор Сара Рул, режија Александар Ивановски, ќе добие 500.000 денари, a побарани се 982.600 денари.

     Претставата на албански јазик „Мандрагола“ - режија Куштрим Бектеши и „39 чекори“ режија Илир Бокши ќе добијат по 900.000 денари, а барале 1.722 милиони денари и 1.525 милиони денари.