×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за култура одобри 10.000 евра за Денови на комедија

    12.03.2019 11:11 | KumanovoNews

    Меѓународната манифестација Денови на комедија, која ја организира Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ од Куманово доби поддрша од 600.000 денари од Министерството за култура. 

    Министерството за култура одобри 10.000 евра за Денови на комедија

    Ова стои во објавата на финалните резултати од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

    Денови на комедија првично останаа без финсиска поддршка од Министерството, што предизвика револт кај кумановската јавност, а политичките партии се сложија дека Општина Куманово треба да изнајде начин сама да го финансира фестивалот доколку изостане поддршката на државата.

     Од Центарот за култура за организирање на манифестацијата побарале 2 милиони денари, а одобрена е помалку од третина од бараната сума.

     Од Министертсвото за култура информираат дека, по првично објавените резултати, откако биле увидени формални недостатоци во документацијата на дел од пријавите и во согласност со Законот за општа управна постапка на апликантите им се дала можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за нив. „Исто така, беше извршен и детален преглед на бодовите за секоја ставка од конкурсите, а беа одржани и средби со дел од културните оператори.Повторното разгледување на пријавите беше извршено согласно принципите на професионалност, разновидност и креативност, следејќи го гласот на културните работници и професионалци.Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето, - стои во објавата на Министертсвото за култура.