×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мисајловски: Три децении во Куманово нема капитален проект со кој можат да се пофалат

    16.10.2019 19:25 | KumanovoNews

    Тргнавме во еден нов бран, со една нова енергија да ги слушнеме граѓаните, да ни предложат нови проекти и да ни кажат со кои проблеми најмногу се соочуваат. Они што заслужуваат ќе ги ставиме во новата програма за наредните парламентарни избори, кои се надеваме дека многу брзо ќе се случат, - изјави потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Владо Мисајловски, попладнево на средба со граѓаните во општинскиот комитет во Куманово.

    Мисајловски: Три децении во Куманово нема капитален проект со кој можат да се пофалат

    Тој вели дека покрај нивните членови и активисти, во кампањата „Обнова на Македонија“ им се приклучуваат и многу граѓани, коишто се изневерени од актуелната власт, поради тоа што наседнале на  ветувањата кои не се реализираат, пред се економскиот раст, зголемувањето на платите, изградбата на автопати, а секојдевно на површина излегуваат големи афери.

    - За жал, можеме да видиме и овде во Куманово, по три децении нема никаква ренесанса, нема никаков огромен капитален проект со којшто можат да се пофалат. Општина Куманово има потенцијал да биде една од подобрите урбани општини во државата, има вредни луѓе коишто имаат голем капитал и човечки потенцијал, но за жал тоа не се случува. Јас се надевам дека сето тоа што граѓаните го кажуваат, тоа го прават поради револтот што го гледаат насекаде. Затоа набрзо ќе имаме одлична програма во која секој ќе се пронајде, она што ќе го ставиме во програмата ќе го исполниме, а не само да ветуваме што сакаат да чујат граѓаните, - додаде Мисајловски.

    Потпретседателот смета дека е пропуст што ВМРО-ДПМНЕ досега не била на власт во Куманово, па ги повика граѓаните да им дадат шанса да ја водат локалната самоуправа за да ја видат разликата. Досегашните успеси на СДСМ, Мисајловски ги гледа во коалицирањето со албанските партии, поради што граѓаните кои сакаат промени понекогаш се измамени, а не во слабиот квалитет на нивните кадровски решенија.