×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите на СДСМ избраа ново раководство

    06.11.2018 11:47 | KumanovoNews

    Новиот претседател на Социјалдемократската младина на Македонија(СДММ), локален клуб Куманово,  Мартин Захариев го состави тимот со кој ќе ги води младите во наредните 4 години.

    Младите на СДСМ избраа ново раководство

    На конститутивната седница на извршниот одбор за секретар е избран Давид Вељковиќ, Филип Ангеловски e потпретседател, Игор Липковски организационен секретар, а за портпароли се назначени Марио Сибиновиќ и Моника Михајловиќ.

    - Новото раководство на ЛК СДММ Куманово, на чело со мене ќе биде отворено да го слушне гласот на младите, да прибира идеи и да нуди соодветни решенија до институциите. Како до сега, така и во иднина ќе продолжиме активно да работиме со младите, ќе организираме трибини и дебати, хуманитарни и еколошки акции и останати активности кои се за добробит на општеството. Почитувани млади, ве повикувам да ни се приклучите, да станете дел од нашето големо семејство, да се уверите зошто ние сме вистинската опција, а нашата младина да биде вулкан со идеи и пример за борбеност, креативност и работливост, - изјави претседателот Мартин Захариев.

    За членови на извршниот одбор избрани се: Бојан Стојковски, Мартин Ивановски, Наташа Лазаревска, Драгана Коцевска, Филип Ангеловски, Виктор Петковски, Стефан Јакимовски, Марија Николовска, Давид Вељковиќ, Бојан Коцевски, Бојан Димитриевски, Јелена Спасевска, Јовица Ивановски, Марио Сибиновиќ, Емица Илиевска, Милан Јовановски, Елена Тасевска и Мила Аневска

    Членови на надзорен одбор: Ивана Величковиќ, Стефан Стојменовски, Моника Михајловиќ, Ненад Станишковски и Иван Јаневски.