500x100-1
20. 04. 2010 12:30

Mладите на ВМРО-ДПМНЕ одржаа Годишно собрание

Mладите на ВМРО-ДПМНЕ одржаа Годишно собрание

 Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, викендот одржа Годишно собрание на кое беа сумирани резултатите од едногодишното работење.

 Оваа собрание всушност претставува славење на постоењето на Унијата на млади сили, но и начин да покажеме дека сме единствената младинска сила во градот, која може да организира еден ваков масовен настан. Лично сум задоволен од работата на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Куманово во изминатиот период. Успеавме да профилираме нови квалитетни кадри, секојдневно ни пристапуваат нови млади луѓе и реално сме најсилната младинска организација во градот, не само како подмладок на политичка партија, туку воопшто како организација на млади луѓе- рече претседателот Бране Петрушевски.

 На Годишното собарание присуствуваа претседателот и секретарот на УМС Сашо Стефановски и Илче Димовски, пратеникот Петар Поп-Арсов, претседателот на општинскиот комитет Бобан Николовски и други партиски функционери.


Mладите на ВМРО-ДПМНЕ одржаа Годишно собрание