Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пешачка патека во должина од 750 метри и детско игралиште, доби Младо Нагоричане, најголемото село по територија и по број на жители во Општината Старо Нагоричане.
Проект чини се реализира преку Североисточниот плански регион, со средствата од Бирото за регионален развој.
„Бекатонската пешачка патека го поврзува централниот дел на селото од плоштадот во Младо Нагоричане до училиштето и градинката во маалото Ѓорговци. Целиот простор е осветлен за да можат жителите да се движат и во вечерните часови. Ова е најфреквентен дел во селото и затоа сакавме да создадеме услови за безбедно движење на пешаците, учениците и родителите. Истовремено, овде има голем број на дечиња на кои им недостасуваше ваков простор за игра и забава, и не радува фактот што дознаваме дека тој е масовно посетен “, - информира градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.
Детското игралиште е опремено со клацкалка, лулашка и тобоган. Просторот дополнително ќе се оплемени со нови нови клупи и ќе бидат засадени повеќе дрвја.
Со средства од проектот поставени се и канделабри, а ограден е и дел од постоечкиот плоштад за да не се уништува од возила.