Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на чевлари Куманово во соработка со Општината, организира „Модна ревија на обувки и облека“.
Ревијата ќе се одржи утре во 19.30 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово.
„Ревијата ја организираме по повод 500 години Куманово, бидејќи сакавме да дадеме свој придонес за овој голем јубилеј. Се приклучија компании за чевли и сопственици на бутици, и се надевам дека ќе направиме одлична манифестација. Сакам да напоменам дека организатор на целата манифестација е Емануела Јосифовска, сопственичка на Елмас шус, членка на здружението“, - вели претседателката на Здружението на чевлари Куманово, Лидија Милановска.
Манекенските се од Куманово и Скопје, а ќе носат облека од бутиците „Екста Пинк“, „Плаза“ и „Дона Плус“, додека обувките и ташните се од фабриките „Бос шус“, „Де Марко“ и „Марабејла“.
Влезот е слободен.