×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Монодрамата „Прво лице еднина“ премиерно во Кумановскиот театар

    21.05.2019 11:43 | KumanovoNews

    Во Кумановскиот театар утревечер премиерно ќе биде изведена монодрамата „Прво лице еднина“, во режија на Драгана Гунин, а во изведба на Владанка Димковска.

    Монодрамата „Прво лице еднина“ премиерно во Кумановскиот театар

     Монодрамата е работена по текстот на самата актерка Димковска, според мотивите на "Добра ноќ за бунтовни девојчиња" од Елена Фавили и Франческа Кавало.

     Претставата „Прво лице еднина“ е интимен процес на една актерка, кој се бори со демоните во неа дали да ги оствари своите соништа приватно и професионално или да отстапи од нив.

    „Претставата е многу лична, зборува за тоа како таа поминува низ својата моментална позиција актер и со што се соочува, затоа што живееме во земја со специфични услови за самите уметници. Поминува низ едно патување каде што игра повеќе ликови, се става на местото на повеќе женски ликови и ги обработува, и на крајот пак доаѓа до моментот дека сака да си ја работи својата професија,- вели режисерката Драгана Гунин.

     Ова е прва монодрама на дипломираната актерка Димковска, која вели дека идејата на претставата е да се пренесе порака дека никогаш не треба да се откажуваме од нашите соништа колку и да мислиме дека се невозможни.

    „Тоа што ни вибрира во срцето тоа е вистинскиот пат и секогаш треба да го бираме него,  секој од нас поминува низ најразлични периоди од животот. Некој се соочува со нив, некој не, јас одбрав да го зграпчам тоа и да направам претстава. На крај на денот само борбата ни останува за да направиме нешто подобро, нешто поквалитетно, нешто што ќе остане. Да зборуваме и да разбудиме емоции кај публиката, бидејќи тоа ми е многу важно како актер, затоа што мислам дека само преку таков вид на катарза може да се пренесе мојата порака, која ја слушаме секој ден да не се откажуваме, ама тоа е многу тешко. Живееме во време на инфлунесери кои не учат како да живеме ама треба да се скршат тие бариери и секој треба да е она што е. Треба да сме горди на тоа што сме, - изјави  Димковска.

    Претставата е закажана утревечер во 20 часот.

    Проектот е финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија во копродукција со Театар Куманово.