×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мотивациско предавање и промоција на книгата „Што си ти“ од Снежана Билко

    29.06.2018 06:05 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре во 19 часот ќе одржи мотивациско предавање и промоција на книгата „Што си ти“ од авторката Снежана Билко од Скопје.

    Мотивациско предавање и промоција на книгата „Што си ти“ од Снежана Билко

    „Што си ти“ е интерактивна книга која е посветена за сите кои имаат потреба од промени во животот кон подобро, и на оние кои сакаат да работат на својот личен развој, на својот раст и на своето себеспознание, како и патоказ како човекот да се избори со своите стравови, по длабоките падови кои можат да се случат во животот.

    „Оваа моја прва мотивациска книга е создадена и родена само со една и единствена цел, а таа е да помогне на многумина кои се на крстопат, да помогне на многумина кои не умеат да се справат со своите предизвици и контрасти во својот живот, а воедно и да ги мотивира и инспирира. “Што си ти“ ќе ве натера да навлезете подлабоко во себе, во својата суштина и својата цел на своето битисување“, - изјави Билко.

    На мотивациското предавање посетителите ќе имаат можност да научат како да го креираат сопствениот живот, како да разберат и сфатат дека самите се креатори, а не набљудувачи на сопствениот живот.