×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • MРТВ не ферма 500.000 граѓани лево од реката Вардар

    13.05.2018 06:56 | KumanovoNews

    Националниот јавен медиумски сервис – Македонската радио – телевизија (МРТВ) не ферма над половина милион граѓани кои живеат во градовите и селата лево од реката Вардар, од Куманово преку Свети Николе, Штип, Радовиш, Берово, Делчево, Кочани, Виница, Пробиштип, Струмица, Валандово, Богданци, до Гевгелија…

    MРТВ не ферма 500.000 граѓани лево од реката Вардар

    Ова вчера беше констатирано на дебата која ја водеа новинарите во Кочани.  На дебатата за проблемите на медиумите, новинарите, но и на граѓаните  од чии места јавниот сервис нема дописници, а со тоа и релевантни и навремени информации, учествуваше и претседателот на ЗНМ Насер Селмани, - пренесува порталот Истокпрес.

    Според шестмесечното истражување кое го направиле новинарите од овој новинарски центар, во спомнатиот регион во кој живеат, учат, работат и создаваа нoви вредности над 500.000 грaѓани на нашата држава, МРТВ има само тројца вработени дописници, сите тројца за Македонското радио и тоа од Куманово, Крива Паланка и Струмица.

    Дописништвото во Куманово каде што беа сместени редакциите на уште неколку медиуми и канцеларијата на ЗНМ, новинарите треба да го напиштата до крајот на мецесот, бидејќи Општината ќе ги даде просториите на Музичкото училиште.

    МРТВ како јавен национален сервис има законска обврска да го покрие со дописници и сниматели секој регион во државата и во поголемите места да има дописни центри кои ќе ги покриваат и настаните во помалите блиски места. Но, такво нешто кај јавниот сервис одамна не постои.

    Граѓаните и од овој дел на Македонија колку до вчера плаќаа радиодифузна такса иако јавниот сервис одамна ги има заборавено нивните места на живеење. И во буџетот од кој денес се финансира МРТВ учествуваат граѓаните кои живеат лево од реката Вардар, но јавниот сервис одново ги игнорира не поставувајќи свои дописници и сниматели во нив.

    На вчерашниот состанок во Кочани е договорено во најскоро време да во Скопје да се одржи јавна трибина на која ќе бидат поканети одговорниите од МРТВ, од Владата, од МИА (која исто така е државна агенција финансирана од парите на граѓаните но во посочениот регион нема ниту еден вработен дописник), од ЗНМ, градоначалници од спомнатите општини и други заинтересирани структури. Повод за тебата ќе биде истражувањето направен од регионалниот центар „Исток“ , во кој се гаснат медиуми, новинари остануваат без работа, а оние кои работат имаат многу ниски плати...