×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Му го изгорел пасошот на синот за да не оди во Либија

    07.04.2010 09:43 | KumanovoNews

     Таткото и син од Куманово завчера се скарале, кога синот му соопштил дека сака да оди  на привремена работа во Либија, по што таткото, за да го спречи во намерата, се обидел со метална прачка да го повреди, а потоа му го изгорел и пасошот.

    Му го изгорел пасошот на синот за да не оди во Либија

    Инцидентот е пријавен во полиција, која извршила увид и работи на расчистување на инцидентот.

    Завчера во 15.30 часот, во куќа на улица 427 во Куманово, дошло до расправија  меѓу Момчило С (51) и неговиот син Марјанче С (23) кога синот му соопштил дека има намера да оди на привремена работа во Либија. Кога го слушнал тоа, таткото, кој бил пијан, се разлутил, по што зел една метална прачка и се нафрлил врз Марјанчо. Синот упејал некако да се одбрани, и излегол од собата. Тогаш Момчило го пронашол пасошот на синот и го запалил, па сосе запалениот пасош се упатил кон излезот од куќата. Но додека слегувл по скалите, тој се лизнал и паднал.  Додека се тркалал по скалите, Момчило си ја скршил раката, по што од неговото семејство веднаш бил префрлен во Кумановската болница каде што му била укажана лекарска помош, а случајот бил пријавен и во полицијата.