Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во големата сала, вечерва во 20 часот ќе се одржи Музичкото караоке шоу.
На натпреварувањето ќе учествуваат 12 деца, кои ја поминаа аудицијата што се организираше за викенд.
„Вакво караоке шоу се одржува за првпат оваа година. Се` со цел, во Куманово да ги поттикнеме и откриеме новите музички таленти. Имавме аудиција која се одржа пред неколку дена со разиграни поп и забавни мелодии. Вечерва следува и натпреварување во кое учесниците ќе се натпреваруваат за прво, второ и трето место. Ги покануваме сите заинтересирани да ги слушнат настапите на нашите учесници,-изјави Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Проектот „Музичко караоке шоу“ е поддржан од Министерството за култура.