×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР: Да навиваме спортски - Нула толеранција за говор на омраза и насилство

    10.07.2018 08:23 | KumanovoNews

    МВР апелира до граѓаните и навивачките групи да навиваат спортски и да не предизвикуваат говор на омраза и насилство, во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во рамките на квалификациите во Лигата на шампиони и Лига Европа, кои ќе се одиграат денеска и утре во Скопје.

    МВР: Да навиваме спортски - Нула толеранција за говор на омраза и насилство

    При тоа ја известува јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли на стадионот „Петар Милошевски“ и на стадионот “Телеком арена“ во Градскиот парк, со цел одржување на јавниот ред и мир.

    „Апелираме до граѓаните кои ќе ги проследат натпреварите помеѓу екипите на ФК Шкендија (Македонија) и ТНС (Велс), како и помеѓу екипите на ФК Работнички (Македонија) и ФК Хонвед (Унгарија), да се воздржуваат од дејствија кои го нарушуваат јавниот ред и мир, а со цел да поттикнат насилство и други кривични дела. МВР нема да толерира насилство, нарушување на јавниот ред и мир и други кривични дела во рамки на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Ги повикува сите граѓани, особено навивачките групи на фер и спортско навивање, притоа проследувајќи ги спортските натпревари почитувајќи ги законските регулативи и правата на сите граѓани кои ќе дојдат да ги проследат натпреварите во живо, - соопштуваат од МВР.