×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МВР со засилени мерки за Новогодишната ноќ

    30.12.2009 15:03 | KumanovoNews

    Во пресрет на новогодишната ноќ, МВР ќе преземе засилени мерки за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот.

    МВР со засилени мерки за Новогодишната ноќ

    За престојните празници Секторите за внатрешни работи, ќе постапуваат по своите оперативни планови  и активности. Полициските службеници ќе имаат редовни дежурства и зголемено присуство на плоштадите и местата каде што масовно ќе се прославува. Засилено присуство ќе има и од страна на полициските службеници задолжени да се грижат за безбедноста во патниот сообраќај. Со зголемен капацитет ќе се работи и во Дежурниот центар, така што граѓаните во секој момент ќе можат да побараат помош на телефонскиот број 192.

    Полицијата апелира до сите граѓани за максимална воздржаност од прекумерната употреба на алкохол, избегнување на употреба на петарди, ракети и други пиротехнички средства, не само поради законските санкции, туку пред се поради опасноста по здравјето и безбедноста на граѓаните, како и материјалните штети кои може да бидат предизвикани. МВР најригорозно ќе санкционира каква било употреба на огнено оружје и апелира граѓаните да избегнуваат ваков начин на прослава поради опасноста прославите да се претворат во индивидуални трагедии.

    Со оглед на тоа дека овие денови се очекува масовна раздвиженост на сите категории учесници во патниот сообраќај, со можни застои и пореметувања на сообраќајните токови, на возачите им се препорачува да бидат трпеливи и толерантни, да не претекнуваат ако за тоа не постојат безбедни услови, и особено да не управуваат со возилата кога се под дејство на алкохол, заморени или пак во лоша психофизичка состојба. Исто така апелираме до возачите пред да тргнат на пат да извршат преглед на техничката исправност и зимската опрема на возилата