×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Градскиот плоштад се одржа маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

    11.05.2019 12:41 | KumanovoNews

     Основци, средношколци, деца од градинки и граѓани, денеска учествуваа на традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија 2019“, кој по 17 пат се оддржа на Градскиот плоштад во Куманово.

    На Градскиот плоштад се одржа маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

    Раскажувајќи поединечна приказна групните и индивидуалните маски го разубавија градот на задоволство на кумановци, кои уживаа во шаренилото осмислено од учителките и родителите.

    Стручно жири додели награди на ниво на градинките, основни и средни училишта, како и за индивидаулани маски.

    Прво место од градинките освои објектот „Развигорче“  со Шарени балони летаат во воздух, второ, „Синоличка“ со Зајче без опавче, трето „Кокиче“ со маската Весели кокичиња патуваат со воз.

    На ниво на основни училишта прва награда ја освои „Вук Караџиќ“ со Ден и Ноќ, второ „Кочо Рацин“ со Весели дождовни капки и трето место „Христијан Карпош“ со Детски радости.

    Од средните училишта на овогодишниот маскенбал најдобри беа гиманзцијалците со „Ролекостер“, второ место „Наце Буѓони“ со Љубовта е најголема боја,  и трето „Киро Бурназ“ со Пеперутки.

    Најдобра индивидуална маска е „Подвижна енциклопедија“ на Лина Штерјовска, специјална награда освои центарот за ран развој „Балтазар“, а доделана е и награда на „Димитар Влахов“ од Струмица.

    Маскенбалот го организира Општината Куманово, Секторот и Фондацијата за култура и спорт.