×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На градскиот плоштад во Кумано прослава за покана во НАТО и ЕУ

    13.07.2018 08:11 | KumanovoNews

    Битолската група „Фолтин“, „ПМГ Колектив“, Мухамед Ибрахими и Шутка Рома Рап, ќе пејат утре на Градскиот плоштад во Куманово, на прославата по повод добивањето на поканата за членство во НАТО.

    На градскиот плоштад во Кумано прослава за покана во НАТО и ЕУ

    Големата граѓанска прослава под мотот „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ!“ ја организира Владата во 15 градови во државата, а ќе учествуваат над 40 музичари и артисти.

     „Македонија започнува нова приказна - добивме покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Застануваме рамо до рамо со најсилните земји од Европа и светот. Македонија зачекорува во ново време. Време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Се изборивме за сигурна иднина! Ве покануваме оваа сабота, на 14 јули, да се обединиме и заедно да го прославиме историскиот успех на Македонија, - соопштуваат од Владата.

    Почетокот е во 21 часот.