×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На кумановски отпади најдени 24 возила без документи

    11.11.2018 08:35 | KumanovoNews

    Во депоа за авто делови во Куманово, полицијата открила 24 возила без документи.

    На кумановски отпади најдени 24 возила без документи

    Контролата била изврша завчера во периодот од 08,30 до 16,30 часот, од страна на полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи и Царинската управа, во седум депоа на правни лица на подрачје на Куманово,  кои расходуваат моторни возила и се продаваат на делови.

    При извршената контрола во три автоотпади откриени се вкупно 24 моторни возила без соодветна документација, при што истите биле одземени. Од страна на Државиот пазарен инспекторат во еден авто сервис откриени биле две возила со македонски регистерски ознаки кои не биле заведени во книга за евиденција во трговија за што бил изготвен записник и потврда за привремено одземени предмети за  сторен прекршок по член 28 став 1 а казнив по член 57 став 1 точка 1 од закон за трговија.

    Од страна на СВР Куманово ќе се вршат дополнителни проверки за пронајдените моторни возила и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    (фото-архива кумановоњус)