×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На подрачјето на СВР Куманово ноќеска откриени 26 пијани возачи

    09.11.2019 10:18 | KumanovoNews

    Полицијата ноќеска открила 26 возачи од подрачјето на СВР Куманово, кои во периодот од 22.00 до 04.00 часот по полноќ, управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

    На подрачјето на СВР Куманово ноќеска откриени 26 пијани возачи

    Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите сектори за внатрешни работи и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР, спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

    Најмногу возачи кои управувале возила под дејство на алкохол биле откриени на територијата на СВР Скопје – 46, СВР Битола – 31, СВР Струмица – 27, на подрачјето на СВР Куманово – 26, на СВР Тетово – 20, на СВР Велес – 19, СВР Штип - 17, СВР Охрид – 12, а 16 биле откриени од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Притоа, вкупно кај 214 возачи утврдено е присуство на алкохол и сите биле исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани, а на 193 од нив им биле одземени возачките дозволи.

    Откриени се и 147 останати прекршоци за што се изречени соодветни казни.