×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На пругата кај Романовце воз удрил во камион

    30.01.2011 13:53 | KumanovoNews

    На железничката пруга Скопје-Куманово, кај селото Романовце воз удрил во камион, при што полесно е повреден возачот на камионот.

    На пругата кај Романовце воз удрил во камион

    Железничка несреќа се случила вчера во 13.25 часот на локалниот пат Романовце-Умин Дол на обележан премин, кога товарен воз на Македонски железници управуван од машиновозачот Ј.Д.(45) од Скопје се судрил со товарно возило „Фолксваген“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Х.Ј.(41) од Черкеско Село.

     Во незгодата  Х.Ј. се здобил со скршеница на лева потколеница и по укажаната лекарска помош во Општата болница Куманово, пренесен е на понатамошно лекување во Ургентен Центар Скопје.

    Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

    Во железничката незгода причинета е материјална штета од околу 200.000 денари.