×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце фатени со фалс картички

    08.07.2010 14:00 | KumanovoNews

    Eдиницата за борба против Компјутерски криминал до Oбвинителството во Куманово, поднесе кривична пријава против лицата Д.К. (29) од Скопје и М.С. (31) од Прилеп поради основано сомнение дека сториле кривично дела “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“

    На Табановце фатени со фалс картички

      Исто така, во врска со истото кривично дело, кривична пријава за сторено кривично дело  “поттикнување“ поднесена е и против лицето Л.Т. (28) од Струмица.

    Имено, на почетокот на годинава на граничниот премин Табановце при излез од Р.Македонија од страна на царинските службеници, при извршен личен претрес над лицето Д.К., биле пронајдени девет платежни картички од брендовите VISA, MASTER и AMERICAN EXPRESS кои гласеле на различни имиња. По преземените мерки и активности  утврдено е дека платежните картички се фалсификувани и дека првопријавениот ги набавил во текот на месец февруари со намера истите да ги однесе на третопријавениот Л.Т. кој во тој период престојувал во Италија. Второпријавениот М.С. на барање на Л.Т. ги изготвил фалсификуваните платежни картички и истите ги предал на Д.К., по што планирале да ги употребат фалсификуваните платежни картички во земјите на Европската унија.

     Фалсификатот на платежните картички се состои во тоа што на предната страна на платежните картички се втиснати броеви на постоечки платежни картички издадени од странски банки. Од извршените проверки во банките во РМ се добиени податоци дека одземените платежни картички се фалсификувани.