×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Вруќа вода се по старо !

    01.02.2011 13:22 | KumanovoNews

    Иде пролет, Вруќа вода ќе облече раскошно зелено руво, мило ќе ни‘ биде да се прошетуваме до Бањата, а уште помило доколку некој поединец или институција го суредат и амбиентот околу чешмата.

    На Вруќа вода се по старо !

    Никој веќе не памети која година беше кога, по одлука на еден генерален директор на ФЗЦ  ,,11 Октомври‘‘ е направена убавата чешма покрај Бањата на Вруќа вода. Протече многу вода оттогаш наваму низ ,,чепурите‘‘ на чешмата во пластичните билнаци и шишиња на илјадници граѓани - консументи на популарната и благотворна кумановска минералка, а само ретко се случуваше некој да се погрижи и да поправи или да обнови нешто околу објектот. Се служиме сите но никому не ни‘ текнува да се фатиме за џеп. Да ми простите ама, ја користиме чешмата како  туѓо магаре што сите го јаваат а никој зоб не му дава. Така работите кај нас стојат кога се во прашање т.н. јавни објекти, по дефиниција - сечии и ничии. Да не трошиме други ,,епитети‘‘ и квалификации за очајот во кој објектов се наоѓа долги години зашто сите знаеме за тоа. Иде пролет, Вруќа вода ќе облече раскошно зелено руво, мило ќе ни‘ биде да се прошетуваме до Бањата, а уште помило доколку некој поединец или институција го суредат и амбиентот околу чешмата. Да не се гнасиме од нејзината руинираност и нехигиена додека зафаќаме менерална вода и си ги замиваме очите за лек (без пари).