×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На „Живкова карпа“ се планира изградба на викенд населба со хотели

    19.05.2017 11:04 | KumanovoNews

     Во м.в. „Црвенки“ во близина на „Живкова карпа“, на регионалниот пат Куманово- Свети Николе, покрај воените магацини, се планира  изградба на викенд населба со спортско-рекреативен комплекс и угостителско-сместувачки капацитети.

    На „Живкова карпа“ се планира изградба на викенд населба со хотели

    На една од последните седници на советот на општина Куманово, советниците изгласаа промена на ДУП по барање на сопствениците на земјиштето, по што се очекува да започнат подготовките за градба.

    „Се работи за огромна површина од 50 хектари од кои 24 хектари е земјиште на Република Македонија, останатото е приватно. Иницијативата е покренато од приватни лица и согласно донесената планска документација се предвидува изградба на викенд населба во која ќе има објекти за спорт и рекреација, а и неколку парцели за изградба на хотели. Парцелите каде што е предвидена изградба на хотели се во приватна сопственост и се надеваме дека сопстевниците кои се иницијатори за таков вид на измена и донесување на плански документ во најскоро време ќе се обратат во Секторот за урбанизам да побараат одобрение за градба, - изјави Лидија Ланга Спасовски, раководител во Секторот за урбанизам.

    Таа додава дека доколку по планот се создаде современа викенд населба ќе се привлечат поголем број на туристи, кои миниваат низ Македонија и ќе имаат каде да одморат, да го разгледаат градот и да продолжат со патувањето.

    Сопственици на овие парцели се познати бизнисмени и политичари од градот, кои изминатите години го наследиле земјиштето или го купле од државата и приватни лица, а сега побарале негова урбанизација.

    Дали нивната намера е сериозна и навистина ќе инвестираат во изградба на компексот или само ќе ја искористата зголемената вредност на земјиштето заради препродажба, ќе покаже времето.