×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 550 дечиња на листата на чекање за упис во градинка

    03.07.2018 07:57 | KumanovoNews

      Во градинката „Ангел Шајче“, годинава 561 дете е на листата на чекање за упис во градинка.

    Над 550 дечиња на листата на чекање за упис во градинка

    Постоечките капацитети се пополнети, а родителите се уште поднесуваат барања што значи дека бројката до 1 септември ќе биде многу поголема.

    „Оние кои првпат ги запишуваат децата во градинка не се доволно информирани дека уписот заврши и сеуште доаѓаат. Ќе има голем број на родители кои нема да ги запишат децата во градинката, бидејќи не можеме да им излеземе во пресрет на сите поради ограничените капацитети“, - изјави Марина Алексовска, директорка на градинската „Ангел Шајче“.

    Оваа година градинка ќе посетуваат 1960 дечиња, од кои околу 500 се новозапишани, малку повеќе од оние кои завршиле со градинка и се запишале на училиште.

    Капацитетот на градинката е 1144 деца, а Советот на Општина Куманово на една од минатите седници даде согласност бројот на дечиња во групите да се зголеми за 30 отсто над проектираните капацитети.

    Сега во групите се сместени над 30 дечиња, а во јаслените групи помалку, но директорката тврди дека секојдневно околу 30 проценти од децата не доаѓаат поради болест или други оправдани причини и со тоа се компензира прекубројноста во групите.