×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над 6000 земјоделци склучиле договор за наводнување

    13.06.2018 09:13 | KumanovoNews

     Зголемен е бројот на земјоделци-водокорисници, кои склучиле договор за снабдување со вода за наводнување со АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“.

    Над 6000 земјоделци склучиле договор за наводнување

    Од почетокот на годината склучени се над 6000 договори, што е за 1200 повеќе во однос на предходната година кога имало 4800 договори.

    “Во јануари, февруари и март имаме склучено некаде околу 6000 договори со нашите водокорисници. Они кои не го сториле тоа можат да го направат и сега. Водокорисниците кои се предомислиле на некој начин и нема да имаат житна култура туку полјоделски култури со нив склучуваме договор во моментот кога ќе пријават интерес за наводнување. Точните површини на наводнување на земјиштето ќе се знаат на крајот на сезоната“, - изјави директорот Оливер Илиевски.

    Тој додава дека тие се подготвени на одговорат на барањата на земјоделците бидејќи се отстранети дефектите на системот, а има и доволни количини на вода. Доколку во текот на летото настапи сушен период и има потреба од поголемеи количини на вода, директорот вели дека водата ќе се пушта наизменично по реони.

      Илиевски тврди дека во 2018 година за разлика од предходните 2 години наплатат на вода за наводнување е зголемена за околу 9 проценти.

    „Доста ни помага и Агенцијата за развој на земјоделие, бидејќи сите оние коишто сакат да аплицираат за субвенции мора да имаат платено воден надоместок. Го активиравме и контролниот механизам на терен и сите оние кои нема да пријават површини, а сакаат да наводнуваат нема да можат повеќе да го прават тоа. Исто така правиме напори и да го наплатиме стариот долг и преку извршеители,- додава Илиевски.