×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени најдобрите бизнис планови

    19.08.2010 07:51 | KumanovoNews

     Покрај парична награда како поддршка во реализацијата на планот, најдобрите идни бизнисмени добиваат и консултантска помош од Gestalt Solutions д.о.о. во водењето на бизнисот.

    Наградени најдобрите бизнис планови

     Најдобрите бизнис планови за Североисточниот регион изработени од посетителите на обуката „Започнување бизнис„ ќе бидат наградени од Претприемачки сервис за млади (ПСМ Фондација). Покрај парична награда како поддршка во реализацијата на планот, најдобрите идни бизнисмени добиваат и консултантска помош од Gestalt Solutions д.о.о. во водењето на бизнисот. За Североисточниот регион вкупниот награден фонд изнесува 2.500 евра.

     Обуката „Започнување бизнис„ е дел од проектот „Намалување на невработеноста и сиромаштијата кај младите преку промоција на претприемништвото и креирање нови бизниси“ што ја реализираше Претприемачки сервис за млади (ПСМ Фондација) со поддршка на Општина Куманово и Gestalt Solutions д.о.о., како локален соработник во мај и јуни годинава.

    Промоцијата на наградените ќе се одржи утре во 11.00 часот во Општината, а ќе присуствуваат претставници од Општина Куманово, ПСМ Фондацијата  Скопје, ЛЕР одделение Куманово и  учесниците на обуката.