×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најмногу дожд наврна во Куманово

    18.06.2019 11:34 | KumanovoNews

    Дури 39 литри на метар квадратен дожд наврна вчера во невремето што го зафати Куманово.

    Најмногу дожд наврна во Куманово

     Според Управата за хидрометеоролошки работи, потоа следуваат Маврово со 25, 23 Крушево, 18 К.Паланка, 13 Д. Капија, 9 Прилеп, 8 Тополчани, Ск-Петровец, 6 Ѓуриште, 3 Скопје-З.Рид, Берово, 1 Тетово, Струмица.

    Времето денеске ќе биде претпладне сончево, некаде со мала до умерена облачност.

    Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Индексот на УВ зрачењето е 7.

    До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.