×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намалена цената на сировата вода

    04.05.2018 12:52 | KumanovoNews

    4,48 денари наместо досегашните 6,43 денари за метар кубен ќе изнесува новата цена на сировата вода, која  АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ ќе ја продава на ЈП „Водовод“.

    Намалена цената на сировата вода

    Одлуката за цената ја донесе Владата на предлог на Регулаторната комисија.

    Директорот Оливер Илиевски вели дека цената на сировата вода е намалена за 30 отсто или за 2 денари по кубик, законски минимум со кој можеле да одат во моментот, откако Регулаторната комисија ја одредила цената на водата.

     „Ние како Водостопанство ќе испорачуваме поевтина вода кон Водовод. Треба да знае јавноста дека цената на водата ја донесува Регулаторна комисија врз основа на трошоци, кои се направени во изминатиот период и идните планови. Регулаторна комисија донесе цена од 4,98 денари по метар кубен, со можност од 10 проценти пониска или повисока цена. Во моментот во Владата е договорено ние од Водостпанство да направиме минимална цена, која изнесува 4,48 денари по метар кубен, која се испорачува на Водовод. Со оваа ние ја намалуваме цената на водата за 2 денари“, - изјави директорот Илиевски.

    ЈП „Водовод“ бараше цената на  сировата вода да биде 2,2 денари за метар кубен.

    Илиевски додава дека цената на водата не можела да биде пониска затоа што тие имаат обврска да ги одржуваат двете брани Липково и Глажња, како и 168 километри водоводна мрежа што е многу скапа работа. Тој тврди дека со оваа цена на вода се покриваат само оперативните трошоци, додека за инвестиции ќе бараат пари од државата.

     Директорот информира дека Водостопанство ќе се откаже од долгот од 130 милиони денари, кој бил направен во изминатите 10 години  во интерес на Водовод.