×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намалени казните за сообраќајни прекршоци, највисоката ќе биде 250 евра

    30.10.2019 08:19 | KumanovoNews

    Највисоката казна за сообраќаен прекршок ќе биде 250 евра, а најниската 15 евра.


    Намалени казните за сообраќајни прекршоци, највисоката ќе биде 250 евра

    Владата донесе одлука за намалување на казните за сообраќајни прекршоци односно ги усвои предлози и измени на серија закони на Министерството за внатрешни работи, заради усогласувањето со претходно донесениот Закон за прекршоци.

    Не се намалуваат казните за животозагрозувачки прекршоци, кои остануваат исти, а се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

    Со измените се продолжува на рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи од 70 на 75 години. Се воведува мерката времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.